Свет Европа Шест лица осудени за тероризам во Москва

Шест лица осудени за тероризам во Москва

Воениот суд во Москва прогласи за виновни шест мажи и ги осуди на затворска казна  од 11 до 14 години поради планирање терористички напади во 2014 година.

Регионалниот суд ги прогласи за виновни и за илегално производство и за дистрибуција на оружје.
Групата планирала терористички напад во Одинцов, за време на одбележувањето на завршувањето на Втората светска војна.

Полицијата ги уапси на 9 мај 2014 година, непосредно пред планираниот напад.