Забава Шарлот Елизабет Дијана е името на малата принцеза

Шарлот Елизабет Дијана е името на малата принцеза

Еден ден откако се роди, ќерката на принцот Вилијам и на војвотката Кетрин Мидлтон го доби и своето име. Таа ќе се вика Шарлот Елизабет Дијана. Бебето ќе биде познато како нејзиното височество принцезата Шарлот од Кембриџ и таа е четврта по ред за наследник на кралскиот трон.

Првото име, Шарлот, е женска верзија од името на нејзиниот дедо Чарлс. Второто име, Елизабет, е во чест на нејзината прабаба, кралицата Елизабета, а третото име, Дијана, е во чест на мајката на Вилијам, принцезатa Дијана, која трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа.

Оваа вест беше објавена и на твитер-профилот на Кенсингтонтска палата.