Uncategorized Сеул ја потврди седмата жртва на БИРС

Сеул ја потврди седмата жртва на БИРС

Министерството за здравство на Јужна Кореја денеска потврди дека починал и седмиот пациент од инфекцијата со вирусот блискоисточен респираторен синдром (БИРС).

Во соопштението се наведува дека Министерството реагирало на уште осум нови случаи, со што вкупниот број на заразени се искачил на 95.

Корејските власти во меѓувреме затворија многу школи и универзитети.

Нам Кјунг Пил, гувернер на Кјандиго, во која се наоѓа Сеул, рече дека државата се бори на два фронта.

– Од една страна имаме војна против болеста, а од друга страна – војна против стравот – рече гувернерот на Кјандиго.

Во меѓувреме, властите на Хонг Конг издадоа предупредување за граѓаните да не заминуваат во Јужна Кореја.