Денеска повторно ќе се гласа за нов претседател на Уставниот суд, по шесте неуспешни обиди на седницата во четврток и на нејзиното продолжение во петок.
Судиите на Уставниот суд гласаа меѓу кандидатките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, но ниедна од нив не го доби потребното двотретинско мнозинство.
Тригодишниот мандат на досегашната претседателка Добрила Кацарска ѝ истече вчера. Покрај неа и двете кандидатки, другите активни судии во Судот се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Елизабета Дуковска и Јадранка Дабовиќ Анастасовска.
Според Деловникот, секој судија има право да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд е потоа утврден од комисија од тројца судии, избрани со мнозинство од вкупниот број на судии. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.