Дописници Се средува просторот за сидрење на пловни возила во Охрид

Се средува просторот за сидрење на пловни возила во Охрид

После алармантната ситуација која беше затекната со превземањето на локацијата во делот на заштита на Охридското езеро и третманот досегашен кон него, ЈП „Билјанини Извори“ достави барање до јавната научна установа Хидробиолошки завод Охрид,  да се добие мислење за тоа дали е потребно итно уредување на оваа локација.

Од научната установа е добиено позитивно мислење за да се изврши чистење на тињата од горниот брег кон Охридското езеро во должина по целата страна од 20 метри и ширина од брегот кон трските од пет метри.

Деновиве се интензивираат активностите околу расчистување и уредување на просторот наменет за сидрење на пловни возила, простор кој неодамна со одлука на Советот, Општина Охрид го превзеде на времено владение.