Македонија СДСМ ги оцени изборите за кристално чисти, фер и демократски

СДСМ ги оцени изборите за кристално чисти, фер и демократски

По завршувањето на гласањето, шефот на Изборниот штаб на СДСМ, Александар Кирацовски изборите ги оцени како успешни, фер, слободни и демократски.

„Постигнат е цензус. Граѓаните пристапија одговорно пред одлуката за заедничка иднина. Масовно го искористија правото на глас и на мирен и достоинствен начин го избраа петтиот претседател“, рече Кирацовски и додаде дека инситутициите покажаа капацитет изборниот ден да помине во најдобар ред.

Кирацовски додаде дека според првичните тенденции Стево Пендаровски е во водство и се очекува победа.

Тој очекува и останатите учесници во изборниот процес да дадат признание за мирно спроведените избори и да не бараат оправдување за поразот преку лажни вести за извесни нерегуларности.