Македонија САД: Остануваме посветени да ѝ помогнеме на Македонија

САД: Остануваме посветени да ѝ помогнеме на Македонија

Државниот секретар на САД, Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама и на САД, на граѓаните во Македонија им го честита Денот на независноста.

„САД се горди што се пријател и партнер на Македонија. Остануваме посветени да ѝ помогнеме на Македонија да продолжи на патот кон евроатланската интеграција со зајакнување на владеењето на правото, промовирање на слободата на медиумите и со градење силни демократски основи за инклузивно мултиетничко општество.
Како што нашите нации работат заедно за да ги посочат предизвиците на оваа земја, луѓето во Македонија имаат можност заедно да вложат напор за зајакнување на институциите и за преземање на неопходните реформи. САД го поддржаа развојот и транзицијата на Македонија во последните 24 години и го славиме сето тоа што граѓаните во Македонија го постигнаа со нивната независност. Се залагаме за продолжување на нашата работа заедно кон демократска, безбедна и просперитетна иднина. Честитки и најдобри желби за развој, успех и за мир во годината што доаѓа“, пишува во честитката од САД.