Свет Руски бродови пристигнаа во Средоземното Море

Руски бродови пристигнаа во Средоземното Море

Руски бродови предводени од носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ и од крстосувачот „Петар Велики“ денеска пристигнаа во Средоземното Море.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, наведе дека Москва била изненадена што некои земји одбиле во своите пристаништа да ги примат руските бродови, оценувајќи дека „западните колеги треба да одлучат дали се борат против терористи или против Русија“.

– Движењето на нашите бродови предизвика бура меѓу западните партнери, но најголемо изненадување е тоа што некои земји, под притисок на ЕУ или САД, јавно одбија да ги примат во своите пристаништа – рече Шојгу.