Свет Русија ќе свика состанок на Советот за безбедност на ОН за Блискиот...

Русија ќе свика состанок на Советот за безбедност на ОН за Блискиот Исток

Русија ќе организира специјален министерски состанок во Советот за безбедност на Обединетите нации на 30 септември за да се дискутира за судирите на Блискиот Исток и на северот на Африка.

– Постојат нови иницијативи во септември во врска со нашето претседавање со Совет за безбедност на ОН – изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Генадиј Гатилов, за „РАИ новости“.

Тој додаде дека состанокот ќе биде организиран во контекст на „терористичките закани“.

Русија го презеде едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН на 1 септември.