Свет Европа Русија ја обвини Латвија за дискриминација

Русија ја обвини Латвија за дискриминација

Русија за дискриминација ја обвини Латвија, бидејќи не и овозможува на руската државна новинска агенција да отвори информативно биро во главниот град Рига.

Руското министерство за надворешни работи со писмена реакција побара од ОБСЕ да го истражи, потегот на Латвија. Во соопштението е наведено дека Латвија на руското барање одговорила негативно затоа што, како што се вели во одговорот на Латвија, содржината на новинската агенција е во спротивност со уставот на Латвија.