Свет Европа Русија ја критикува одлуката на ЕП за ограничен пристап

Русија ја критикува одлуката на ЕП за ограничен пристап

Руското министерство за надворешни работи го критикуваше ставот на Европскиот парламент (ЕП) со кој се ограничува пристапот до парламентот на рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чизмов, и на уште еден дипломат, чие име не е наведено.

Рестрикциите беа објавени вчера како одговор на одлуката на Москва на „црната листа“ да стави 89 европски политичари.

– Ако нашиот претставник не може да влезе во зградата, тогаш не гледам причина зошто да бидеме таму – изјави заменик-шефот на руската дипломатија, Сергеј Рјабков.