Свет Свет Русија гради нови бази на Арктикот

Русија гради нови бази на Арктикот

Русија гради или планира да изгради серија нови воени бази на Арктикот, меѓу другото и на островите Вренгел и Котељн и на Кејп Шмит, соопшти денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

– Ние тоа не го криеме – практично изградивме база на Новосибирските Острови на островот Котељн. Тоа е голема воена база, таква немало ни во советскиот период – истакна Шојгу.