Спорт Роналдо и Мурињо прогласени за личности на векот

Роналдо и Мурињо прогласени за личности на векот

Португалската фудбалска федерација, која годинава слави сто години од своето постоење, ги прогласи Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо за личности на векот.

Само 48 часа по освојувањето на третата „Златна топка“, напаѓачот на Реал Мадрид и капитен на националниот тим беше прогласен за најдобар фудбалер на векот, пред Луис Фиго и пред Евзебио.

Од друга страна, менаџерот на Челси триумфираше во конкуренција со Артур и со Осија Жозе Мануел Марија Педро.
Исто така, на церемонија во Есторил, за најдобар арбитер е прогласен Педро Пронс, за најдобар футсал-играч е Рикардињо. Федерацијата го избра и најдобриот тим во историјата на Португалија составен од Виктор Бејиа – Фернанди Коуто, Жоа Пинто, Рикардо Карваљо – Марио Колуња, Луиш Фиго –Футро, Евзебио, Кристијано Роналдо.