Свет Сè поголем бројот на починати од БИРС

Сè поголем бројот на починати од БИРС

Во Јужна Кореја пријавени се уште пет случаи на заболени од блискоисточен респираторен синдром (БИРС), а бројот на починатите достигна 16.

Вирусот погоди вкупно 150 лица, изјави јужнокорејскиот министер за здравство. Избивањето на БИРС довело до меѓународна загриженост за јавното здравство, ја забавува економијата на земјата и резултира со откажување на 100.000 туристички посети.