Македонија Пуштено во употреба новото живеалиште за морски лавови и за мал фламинго

Пуштено во употреба новото живеалиште за морски лавови и за мал фламинго

Денеска беше пуштено во употреба новото живеалиште за морските лавови и за мал фламинго во Зоолошката градина во Скопје.

Со изградбата на новото живеалиште за морските лавови и за мал фламинго се обезбедуваат соодветни услови за животните, кои во голема мера одговараат и се приближни на условите за живот во нивната природна средина.

Живеалиштето за морските лавови и за мал фламинго е лоцирано на југоисточниот дел во зоолошката градина. Базенот со вода, како основен дел од живеалиштето, е со зафатнина од 450 кубни метри.

Овој проект е финансиран со средства од ЈУ „Зоолошка градина Скопје“, како и од донации од Државна лотарија на Македонија и од Агенцијата за електронски комуникации.

Инвестиција за изградбата на овие живеалишта изнесува 6.358.082 денари.

Покрај новите живеалишта, денеска во Зоолошката градина беше промовиран и новиот мултифункционален едукативен центар, кој, всушност, претставува адаптација и надградба на старото живеалиште на нилскиот коњ.

Изградбата на мултифункционалниот објект во Зоолошката градина е финансирана од сопствени средства, за што се издвоени 5.747.847 денари.