Свет Свет Пукотници во ноќен клуб во Флорида, двајца убиени и 17 повредени

Пукотници во ноќен клуб во Флорида, двајца убиени и 17 повредени

Најмалку едно лице е убиени за десетина се повредени во пукање во ноќниот клуб „Блу“ во Форт Мајерс, во сојузната американска држава Флорида, јавуваат американските медиуми. Според податоците на „Ен-би-си њуз“, пак, двајца се убиени, а 17 лица се повредени.

Инцидентот најверојатно се случил за време на тинејџерска забава, а според некои извори, посетителите биле на возраст од 13 години.

Засега нема официјални детали за инцидентот, ниту дали напаѓачот бил сам или имал помошници ниту, пак, дали сè уште е на слобода.

Одредени медиуми јавуваат дека уште две пукотници се слушнале во близина на клубот.