Македонија Пукање кај Мавровка, едно лице е убиено

Пукање кај Мавровка, едно лице е убиено

Кога полицијата се обидела да ги уапси тие пукале и кон полицијата, но нема повредени припадници на МВР

Фото: Мета.мк

Едно лице е убиено пред трговскиот центар Мавровка, а по убиството сторителите побегнале. Кога полицијата се обидела да ги уапси тие пукале и кон полицијата, но нема повредени припадници на МВР.

Според првичните информации што ги објави ТВ Телма, убиен е бизнисменот В.М, а убиството го извршиле четири лица.

Потрагата по нив сѐ уште трае.

Ова е втора престрелка во последните 24 часа. Синоќа во населбата Ченто, едно лице беше повредено и пренесено во Клиничкиот центар.