Свет Во престрелка во ноќен клуб во Синсинати, едно лице загина, а 15...

Во престрелка во ноќен клуб во Синсинати, едно лице загина, а 15 се повредени

Во престрелка во ноќен клуб во американскиот град Синсинати во сојузната држава Охајо едно лице е убиено, а најмалку 15 се повредени. Полицијата соопшти дека во престрелката учествувале најмалку пет напаѓачи.

– Иако мотивите за нападот засега се нејасни, нема причина за сомневање дека станува збор за тероризам – соопшти Ерик Франк, претставник на полицијата во Синсинати.

Пукањето во ноќниот клуб „Камео“ се случило нешто по 1 часот по полноќ по локално време.

Неколку лица од повредените подлегнале на хируршки интервенции, а некои се во животна опасност.  Полицијата сè уште нема приведено осомничени за инцидентот, но во тек е испрашување на сведоци.

Помошникот на шефот на полицијата, Пол Нојдигејт, опишува „хаотично место на злосторството“ и наведува дека полицијата трага по очевидци.

– За жал, многумина побегнаа откако се случи инцидентот, но истражуваме кого сè можеме да идентификуваме – рече Нојдигејт.

За време на пукањето, во ноќниот клуб се наоѓале неколку стотини лица.