Македонија Протестот на синдикатите ќе почне напладне

Протестот на синдикатите ќе почне напладне

Потписниците на повелбата за солидарност, по повод Меѓународниот ден на работничката борба – Први мај, организираат протест за социјална правда и за работнички права. Протестот ќе почне точно напладне, од споменикот на предвоени синдикати, ќе продолжи пред Собранието, Министерството за труд и социјала и ќе заврши пред Владата.

Живко Митревски, првиот човек на ССМ, вели дека годинава е донесена одлука да се организира марш на солидарност и ќе бидат упатени пораки и заклучоци.

Настан ќе организира и невладината организација „Цивил“. Иницијативата „Социјална правда сега“, организира гледање вести на улица.