Галерија Протест на „Новинарски пленум“ пред комисијата за лустрација

Протест на „Новинарски пленум“ пред комисијата за лустрација

Педесетина членови на неформалната организација „Новинарски пленум“ денеска протестираат пред седиштето на Комисијата за верификација на факти поради лустрацијата на главната и одговорна уредничка на „Фокус“, Јадранка Костова.

Новинарите, со транспаренти на кои се испишани слогани „Новинарството во ендек“, „Лоши одлуки носат лоши луѓе“, „Фрустрациска комисија“, „Томе, ме зезаш?“, бараат средба со претседателот на Комисијата, Томе Аџиев.

Новинарите Борјан Јовановски, Оливера Трајковска и Мухамед Зекири влегоа на разговор со членовите на Лустрациската комисија.

Комисијата за верификација на факти засега нема официјално објавено дека Костова е лустрирана, а нејзиното досие сè уште не е достапно за јавноста.