Видео Објавен промотивен видеоспот за протестот в недела

Објавен промотивен видеоспот за протестот в недела

Граѓанската и натпартиската коалиција „Граѓаните за Македонија“ објавија неколку најавувачки видеоклипови за протестот што ќе се одржи в недела, на 17 мај.

„Ние, „Граѓаните за Македонија“, го најавуваме големиот граѓански и натпартиски протестен собир, в недела, на 17 мај, со почеток во 14 часот, пред Владата на Република Македонија. Се здружуваме во масовен и ненасилен протест со кој бараме оставки, мир и слобода. Нашата заедничка акција ќе трае до дефинитивниот пад на власта, која ни ја одзеде живејачката и иднината“, се вели во најавата за собирот в недела.