Хроника Притвор за осомничените за убиството на командант Шкипоња

Притвор за осомничените за убиството на командант Шкипоња

Двајцата осомничени за убиството на Џемаил Реџепи, познат како командант Шкипоња, денеска добија 30 дена притвор.

Кај осомничените било пронајдено и оружјето со кое го извршиле убиството.

Од Јавното обвинителство информираа дека бил извршен увид на местото на убиството и дека ќе се врши обдукција на убиениот и вештачење на оружјето и на видеозаписите на кои е снимено убиството. Убиството на командант Шќипоња било снимено со 12 видеокамери. Пресметката се случи во кумановската населба Бедиње. Командант Шќипоња во моментот на убиството бил во друштво на две лица. Причина за неговото убиство е расправија со в.д. претседателот на кумановскиот разгранок на ДУИ, Бајрам Лимани.

Од партијата ДУИ го осудија крвавиот инцидент и побараа надлежните институции да го расветлат случајот.