Свет Пристигна првиот дел од рускиот ракетен систем во Иран

Пристигна првиот дел од рускиот ракетен систем во Иран

Иран ја доби од Русија првата испорака на ракетниот систем С-300, соопшти иранското министерство за надворешни работи.

– Претходно соопштивме дека без разлика на неколкуте измени што се однесуваат на времето на испорака, договорот ќе се реализира. И денеска соопштувам дека првиот дел од опремата пристигна – рече портпаролот на министерството, Џабери Ансари.

Испораката пристигнала преку Каспиското Море. Таа е реализација на договорот потпишан во ноември 2015 година. Ова е подобрена верзија на ракетниот систем, во споредба со таа што Техеран првобитно ја порача.

Завршувањето на комплетната испорака се очекува на средината од 2016 година.