Забава Принцот Вилијам се откажа од престолот

Принцот Вилијам се откажа од престолот

Принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон

Британскиот принц Вилијам сака да се откаже од престолот што му го понуди кралицата Елизабета, за да ја поштеди Кејт од расправиите во кралското семејство, пишува британскиот весник „Глоуб“.

Магазинот наведува дека кралицата Елизабета одлучила да го прескокне принцот Чарлс и на Вилијам да му понуди да седне на тронот. Сепак, тој одлучил да ја одбие понудата.

Според истите наводи, Вилијам веќе ја известил кралицата дека не го сака престолот затоа што смета дека Кејт би станала мета на судири во кралското семејство поради „прекршување на традиционалната хиерархија во монархијата“.

Таблоидот „Глоуб“ додава дека сопругата на Чарлс, Камила, веќе подолго време „ментално ја малтретира“ Кејт, која во моментов е бремена.