Македонија Претседателот Пендаровски се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото...

Претседателот Пендаровски се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во „Вила Билјана“ во Охрид го прими сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, соопшти кабинетот на претседателот.

Тема на разговор биле актуелните состојби во регионот, а претседателот Пендаровски ја истакнал посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на просперитетот и безбедноста.

Обединетото Кралство, посочи претседателот Пендаровски, е докажан пријател на Северна Македонија и силен поддржувач во исполнувањето на нејзините стратешки цели и изрази очекување за продолжување на поддршката за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата.

Во контекст на македонските аспирации за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски рече дека деблокадата на процесот и отворањето на пристапните преговори за членство со Северна Македонија позитивно ќе се влијае за стабилноста на регионот.

На средбата претседателот Пендаровски и специјалниот претставник Пич разменија мислења и информации во врска на руската инвазија врз Украина, како и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата во однос на ова прашање.