Македонија Претпладнево со повеќе облачност, потоа ќе се разведрува

Претпладнево со повеќе облачност, потоа ќе се разведрува

Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а главно претпладне во североисточните делови на земјава. ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен во котлините на север и долж Повардарието, а брзината на ветерот повремено ќе надминува 60 км/час.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 9, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 16, Охрид 14, Битола 16, Гевгелија 20.

Во текот на викендов облачноста постепено ќе се намалува, а и утринските температури ќе се се пониски, па утре наутро на повеќе места ќе се околу нулата.

Дневните температури од утре полека ќе растат и веќе во недела ќе се над дваесетиот степен во регионите на југоистокот.