Македонија Премиерот Груевски на бизнис-форум во Франкфурт

Премиерот Груевски на бизнис-форум во Франкфурт

Премиерот Никола Груевски и владина делегација присуствуваат на бизнис-форум за презентација на поволностите за реализација на странски инвестиции и за отворање нови работни места во Франкфурт, Германија.

Во состав на оваа делегација се и заменик-претседателот на Владата, Владимир Пешевски, министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.