Култура Премиера на операта „Ноќен жерав“ во МОБ

Премиера на операта „Ноќен жерав“ во МОБ

Јапонската оперска претстава „Ноќен жерав“ од Икума Дан вечерва премиерно ќе биде изведена во Македонската опера и балет.

Претставата, која се изведува под диригентската палка на Мазахико Окочи, обработува јапонска традиционална бајка. Главните улоги ќе ги толкуваат солистите Нобуко Такахаши, Мотохару Аојаги, Јуки Такахаши и Шигеки Мине. Режисер е Кацухиро Котецут.

Во претставата учествуваат оркестарот на МОБ и детскиот хор „Пиколо“ на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, под раководство на Весна Димчевска.