Македонија Прекугранична валоризација на природното и на културно наследство на Охридско

Прекугранична валоризација на природното и на културно наследство на Охридско

На 25 март во Корча ќе почне реализацијата на проект за зајакнување на управувањето на прекуграничните културни и природни богатства на Охридско. Настанот го најави УНЕСКО, а дел од иницијативата за проектот беше и на Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро.

На првата работилница во Корча ќе учествуваат претставници од локалните самоуправи, министерствата за животна средина и култура од двете земји, како и претставници од УНЕСКО.

– Работите добиваат видливост и нашата цел со овој проект кој, еве, почнува, е со подрршка на УНЕСКО да ја зајакнеме заштитата на наследството во охридскиот регион и со тоа и самото езеро, и на тоа да се додаде и албанската страна под истиот режим на заштита – вели Дејан Пановски, претставник на Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро од македонска страна.

Пановски појаснува дека фокусот ќе биде ставен на обезбедувањето интегралност на заштитата, инвентаризација на културното и на природното наследство во регионот и негова туристичка валоризација.