Македонија Предновогодишен собир „Го сакам ГТЦ“

Предновогодишен собир „Го сакам ГТЦ“

Архитектите под мотото „Го сакам ГТЦ“, денеска, во 19 часот, организираат предновогодишен собир околу Градскиот трговски центар, против иницијативата за менување на изгледот на објектот.

Предвидено е јавно говорење, настапи на повеќе музички ѕвезди и формирање жив ѕид од луѓе околу ГТЦ.

– Ги повикуваме сите граѓани што сакаат Градскиот трговски центар да остане градски, достоинствено да застанат на „барикадата“ која не смее да падне – пишуваат организаторите на фејсбук-страницата за настанот.