Македонија Пред Владата се местат сепареа, шанкови и столови

Пред Владата се местат сепареа, шанкови и столови

Граѓаните што протестираат пред Владата донесоа сепареа, маси, столови и шанкови, а се мести и бина на која треба да настапи диџеј.

Поставени се и неколку шатори, но дел од демонстрантите лежат и на лежалки. Булеварот Илинденска и натаму е блокиран.

Дел од граѓаните кои протестираа ќе останат да спијат пред Владата, како што најавија, сè до заминувањето на Никола Груевски од власт.