Македонија Православните христијани го прославуваат Успението на Пресвета Богородица

Православните христијани го прославуваат Успението на Пресвета Богородица

Православните верници со богослужбa и со верски обичаи денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица.

Целодневните литургии и причестувањето на верниците го најавуваат крајот на двонеделниот пост.

Успение на Пресвета Богородица е посветен на Марија, мајката на спасителот Исус Христос и сопруга на таткото на Исус, Јосиф. Таа живеела во Назарет, а нејзиното име на арамејски јазик се предава како Мирјам. Според верувањата, таа стапила во брак со Јосиф и зачнала со Исус на безгрешен и чудесен начин, кога ѝ се јавил архангел Гаврил и ѝ кажал дека таа ќе роди цар на царевите.