Македонија Православните христијани денеска го слават Божиќ

Православните христијани денеска го слават Божиќ

Фото: Мета.мк

Православните христијани денеска го слават Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос. Во македонските храмови низ целата земја се одржуваат литургии, а централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде богослужеше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, литургија на Св. Василиј Велики.

Фото: Мета.мк

На Архиерејската божествена литургија во Соборниот храм во чест на Христовото раѓање, присуствуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарјан Сотировски.