Македонија Пожарот кај Требовље се приближи до селото

Пожарот кај Требовље се приближи до селото

Центарот за упраување со кризи соопшти дека пожарот во атарот на селото Требовље попладнево се приближил до селото. Противпожарните сили се на терен и се справуваат со огнената стихија.

Од ЦУК соопштуваат дека во текот на денот во гаснење на пожарот интервенирале екипи на ШС „Сандански“ – Македонски Брод, ДЗС Македонски Брод, ТППЕ Македонски Брод, лица од месното население и два хеликоптери од АРМ.

За гаснење на пожарот се упатени дополнителни сили од Струга и од Гостивар, а ќе се состане и Регионалниот штаб на Македонски Брод за да се преземат дополнителни мерки и активности.