Македонија Повторно протест пред Собрание, граѓаните бараат измена на Законот за амнестија

Повторно протест пред Собрание, граѓаните бараат измена на Законот за амнестија

Граѓанската иницијатива за донесување закон за амнестија на осудениците и денеска протестира пред Собранието.

Како што велат граѓаните што протестираат, Владата има време до утре да испрати известување до Државната изборна комисија дека треба да дозволи да се соберат 10.000 потписи за да се поднесе амандман до Собранието за измена на Законот за амнестија.

Една од измените што оваа граѓанска иницијатива ќе ги бара во амандманот што сака да го поднесе е намалување на казните за 40 отсто.