Македонија Погребниот венец за Борјан Јовановски оставен пред Влада

Погребниот венец за Борјан Јовановски оставен пред Влада

Членови на „Новинарски пленум“, граѓани и новинари се собраа пред Владата и го оставија погребниот венец што вчера му беше доставен на новинарот и уредник на „Нова“, Борјан Јовановски, пред неговиот дом.

Светлана Јовановска, новинар и сестра на Јовановски, рече дека семејството и малолетните деца биле многу потресени од грозоморниот чин.

Новинарката Билјана Секуловска побара од Владата, Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство заштита за колегата Јовановски и рече дека доколку не го исполнат ова барање, новинарите ќе сметаат дека Владата го извршила овој чин.

Новинарката Сашка Цветковска рече дека венецот не се остава пред Влада затоа што сметаат дека таа е нарачател на грозоморниот чин, туку зашто одобрувањето на Владата на јавниот линч кон некои новинари и медиуми, кои размислуваат и пишуваат критички, е причината поради која е дојдено до оваа ситуација. Цветковска истакна дека венецот го враќаат пред Влада за да знаат дека ако некому нешто му се случи, таа ќе ги сноси последиците за тоа.