Македонија Почна делењето сообраќајно-едукативни летоци за граничните премини

Почна делењето сообраќајно-едукативни летоци за граничните премини

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанче Савовски, и со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, денеска на граничниот премин Табановце со делење летоци на возачите кои транзитираат или престојуваат во Македонија, ја почнаа сообраќајно-едукативна акција насловена „Летна кампања 2015 година.

Како што соопштија од МВР, припадниците на граничната полиција на сите граничните премини во државата ќе делат летоци на англиски јазик со едукативна содржина. Летоците имаат цел да им посакаат добредојде на странските гости и да им укажат да возат безбедно и да ги почитуваат правилата и прописите.