Видео Почина Вања Лазарова

Почина Вања Лазарова

На 86-годишна возраст, во Скопје почина доајенката на македонската народна музика Вања Лазарова-Димитрова. Родена е на 27 април 1930 година, во село Страцин, Кратовско.

Извесно време работела во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.

Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Настапувала на голем број концерти на повеќе континенти. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“, при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.