Македонија Почина неврохирургот проф. д-р Јовица Угриновски

Почина неврохирургот проф. д-р Јовица Угриновски

Фото: Неуромедика

На 77-годишна возраст, по тешко боледување, утрово почина проф. д-р Јовица Угриновски, долгогодишен неврохирург, основач и претседател на Управниот одбор на „Неуромедика“, соопшти приватната здравствена установа „Неуромедика“.

Јовица Угриновски специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986).

По атентатот врз претседателот на Киро Глигоров, тој заедно со колеги изврши сложена операција за санирање на тешките повреди. Публикувал повеќе од 140 научни трудови и 6 книги.

Беше долгогодишен претседател на Федерацијата на планинарски спортови.