Свет Европа Почина Џорџ Мартин, „петтиот член на Битлс“

Почина Џорџ Мартин, „петтиот член на Битлс“

Сер Џорџ Мартин, легендарниот музички продуцент, познат како „петтиот член на Битлс“, кој ја оформи и ја прослави една од најголемите музички групи на светот, починал на 90 години.

Мартин беше музичкиот продуцент, соработник и ментор на Џон Ленон, Пол Мекартни, Џорџ Харис и на Ринго Стар, а одигра пресудна улога во планетарната популарност на „Битлс“.

За време на шестдецениската кариера во музичката индустрија, Мартин ги продуцирал речиси сите албуми на „Битлс“.