Македонија Почина Амди Бајрам

Почина Амди Бајрам

Фото: Арбнора Мемети

На 64-годишна возраст починал поранешниот пратеник и политичар, Амди Бајрам, велат од неговата партија Сојуз на Ромите.

Според партијата, Бајрам починал в болница, каде се лекувал од проблеми со срцето.

Амди Бајрам беше долги години претседател на партијата Сојуз на Ромите, а неговите реплики и обраќања во парламентот се едни од најзапомнетите во македонскиот јавен живот.