Македонија Петок, 29 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Петок, 29 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 29 април 2016 година, Велики петок, ќе биде неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

„Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед што го чествуваат, им го честита празникот Велики петок“, пишува во соопштението на Министерството.