Македонија Пет члена на Беса преминуваат во Движењето за реформи на ДПА

Пет члена на Беса преминуваат во Движењето за реформи на ДПА

Движењето за реформи на ДПА на прес-конференција во партиското седиште во Тетово, соопшти дека неколку членови од движењето Беса, преминале во нивната партија.

– Се работи за четири потпретседатели на подразграноци на Општина Тетово и за еден член на претседателството на разгранокот на Тетово – изјави Агон Ферати, потпретседател на Движењето за реформи на ДПА.

Ферати се надева дека пред изборите и Беса ќе се приклучи на предизборната коалиција која се формира минатата недела, составена од неговата партија, НДП и од Унитети.

– Можеби некој не сака сè уште да биде дел нашиот опозициски блок на албански партии и сака сам да оди на избори. Ние немаме против ваквата одлука. Но, најважно е сите да се обединиме и на избори да ја урнеме оваа власт, која не мисли воопшто за народот. Ние како предизборна коалиција, ќе работиме до последен ден за целосно обединување на албанските опозициски партии – додаде Ферати.