Култура „Палјачи“ на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари

„Палјачи“ на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари

Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, информираат во Националната опера и балет

Фото: Национална опера и балет

Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20 часот, информираат оттаму.

„Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, концерт – мајстор е Јане Бакевски, хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска“, наведено е во соопштението на Националната опера и балет.

Во операта ќе настапи домашна солистичка екипа – во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Неда, Дешира Амети Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио, Драган Ампов, а во улогата на Арлекин, Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.