Македонија Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство

Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство

Со средби во Неготино и во Демир Капија, денеска Агенцијата за храна и ветеринарство ја почнува серијата отворени денови за граѓаните и за компаниите.

Отворените денови ќе се реализираат овој месец во подрачните единици на Агенцијата, а граѓаните и операторите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања што се од нивен интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, како и да побараат стручна помош.

На денешниот прв отворен ден, во Неготино ќе присуствуваат и директорот на АХВ, Зоран Поповски, како и претставници од секторите и од одделенијата на Агенцијата. Промовиран ќе биде и „Водич за новините во означувањето на храната во ЕУ“, што го подготви АХВ за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.