Македонија Основното јавно обвинителство – Скопје нареди истрага против вработени во Управата за...

Основното јавно обвинителство – Скопје нареди истрага против вработени во Управата за животна средина

Оновното јавно обвинителство – Скопје, постапувајќи по кривична пријава на Одделението за сузбивање организиран криминал во МВР, донесе наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, поради постоење основано сомневање дека ги злоупотребиле службената положба и овластување.
Првообвинетиот како поттикнувач, а останатите како соизвршители, се товарат дека сториле продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи во временски период од 2009 година до 2013 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејства, искористувајќи ист траен однос и услови.

Првообвинетиот управител на правното лице, со умисла ги поттикнал останатите обвинети, како службени лица вработени во Управа за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, да ја искористат својата службена положба и овластување и да му прибават на правното лице значителна имотна корист во вкупен износ од 626.758.506,00 денари, во постапките за добивање дозволи за складирање, третман и/или преработка на отпад и дозвола за оператор на депонија, иако не ги исполнувал потребните услови.