Македонија Основен суд Скопје 1: Нема притвор за осомничениот за изборен криминал

Основен суд Скопје 1: Нема притвор за осомничениот за изборен криминал

Нема притвор за И.Г., кој денеска беше на распит пред судија за претходна постапка, а за кој Специјалното јавно обвинителство почна истрага за изборна измама.

„По негово сослушување во присуство на полномошник, судија на претходна постапка од одделот за кривична постапка донесе одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му определи мерка за претпазливост од член 146, став 1, точка 6 од ЗКП, односно забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица“, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1.