Македонија Општина Арачиново годинава ја зголемила наплатата на данок за 422%

Општина Арачиново годинава ја зголемила наплатата на данок за 422%

Градоначалникот Ибраими денеска информираше дека годинава од 2.675 домаќинства во Арачиново се собрани локални даноци од над 6 милиони денари

Извор на фотографија: Општина Арачиново

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими тврди дека станува минато досегашната пракса Арачиновци да не плаќаат данок. Од Општина Арачиново информираат дека годинава наплатата на данок е зголемена за 422% во споредба со 2022 година.

Градоначалникот Ибраими денеска ифнормираше дека годинава од 2.675 домаќинства во Арачиново се собрани локални даноци од над 6 милиони денари, што во споредба со 2022 година е раст од 422%.

Тој денеска во хотелот Холидеј Ин учествуваше на настанот на УСАИД, на кој се одржа презентација на соработката со повеќе партнер општини.

Преставникот на УСАИД, Бардил Марку ја нарече Арачиново „успешна приказна“ и ја пофали Општина Арачиново во делот на фискалната транспарентност како општина со најголем раст во 2023 година.

„Според најновите истражувања Општина Арачиново од 16 максимални индесни поени освоила 12 што е најголем раст, а исто така Арачиново бележи значително голем раст и во активната транспарентност“, се наведува во соопштението од Општина Арачиново.

Градоначалникот на Арачиново се заблагодари на помошта и соработката со меѓународните организации, а особено со УСАИД кои им помогнале за да постигнат позитивни резултати во општинското работење.