Македонија Општа болница Кочани со нов мамограф

Општа болница Кочани со нов мамограф

Кочанската општа болница доби софистициран мамограф за дијагностицирање болести на дојка.

– Новиот софистициран мамограф што ќе биде ставен во функција деновиве, ќе биде сместен во одделението за рентген-техника. Веќе се оспособени лекар и медицинска сестра, со што и услугите ќе бидат навремени и квалитетни – истакна директорот на Општа болница во Кочани, Дејан Апостоловски.

Карциномот на дојка е едно од трите најчести малигни заболувања кај жените во Кочанско.