Македонија OJO: Оформен предмет за негователката што им давала на деца да пушат...

OJO: Оформен предмет за негователката што им давала на деца да пушат цигара во градинка

Во Обвинителството информираат дека се преземаат и други дејствија, а предметот засега е во фаза на предистрага

Фото: МТСП

Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас за да се проверат информациите согласно кои негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес, им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група. Во Обвинителството информираат дека се преземаат и други дејствија, а предметот засега е во фаза на предистрага.

„Во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање на дејствија кои вклучуваат да се извршат разговори со лица (вработени и родители) кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот“, наведено е во соопштението од Обвинителството.